Македонија

Секој петти жител на Бугарија е потомок на бегалци, најмногу од Македонија

Бегалците од вардарскиот дел на Македонија учествуваат со 26 отсто меѓу тие што дошле и се населиле во Бугарија

Секој петти граѓанин на Бугарија е потомок на бегалци, главно од Македонија и од Грција, покажуваат собраните податоци од прашалниците за вкупно 1.574 доброволци кои учествуваа во студијата „Геном на Бугарија“.

Вкупно 343 или 21,7 проценти од сите волонтери одговориле дека се потомци на бегалци. Повеќето признаваат дека нивните предци дошле во денешна Бугарија од Македонија (26%) и од Грција (25%). Следни се оние од Романија (14%), Србија (7%) и Турција (5%).

Сепак, вистинската слика може да се промени со подетална анализа, што не е предмет на прашалникот. Причината е што некои од одговорите не ги вклучуваат имињата на земјата, туку на географскиот регион – Беломорска Тракија (11%), Одринска Тракија (3%) и Тракија (3%).

Податоците беа презентирани од раководителот на проектот и на Центарот за молекуларна медицина при МУ-Софија, проф. Ратка Канева. Нејзиниот тим веќе ги обработи прашалниците на 1.574 волонтери. Условите за нив се да бидат полнолетни, да потпишат информирана согласност дека нивните податоци можат да се користат анонимно за научни цели во иднина и да се споделуваат во рамките на „Геном на Европа“ и да дадат примерок од крв од кој е изолирана ДНК.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top