Македонија

Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците.

Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот Шасивари ја потврди определбата на Министерството за правда за јакнење на институционалните механизми што обезбедуваат почитување на законските одредби и гарантирање на јазичните права на граѓаните.

Директорот Османи посочи дека Агенцијата за примена на јазикот обезбедува стручна и практична поддршка на државните институции во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, преку насоки, препораки и експертска помош. Агенцијата се грижи за унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, како право загарантирано со закон.

Во периодот кој следува ќе се продлабочи институционалната соработка, координацијата и заедничките активности што ќе придонесат за поефикасна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите државни институции.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top