Македонија

Шест евакуирани македонски граѓани од Израел, утре со владиниот авион ќе стигнат во Скопје

Во текот на денот, тие ќе бидат транспортирани по копнен пат од Израел во Египет, од каде ќе полетаат со владиниот авион

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека заклучно со денеска вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток.

„Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројката во Абу Даби континуирано се зголемува и во моментов изнесува околу 477 лица.

Во однос на македонските државјани во Израел, бројката останува непроменета. За дел од нив (вкупно 6 лица), со посредство на Министерството е завршена евакуацијата и тие одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да заминат кон Скопје.

Останатите шест лица, кои изразиле подготвеност за евакуација, во текот на денот ќе бидат транспортирани по копнен пат од Израел во Египет, со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва. Тие ќе бидат сместени на безбедна локација, во хотел на товар на државата, а се очекува во текот на утрешниот ден со владиниот авион безбедно да полетаат кон Скопје.

За македонските државјани во Обединетите Арапски Емирати и Катар, дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби, во координација со надлежните институции, е во фаза на финализирање на техничките и логистичките детали за организација на чартер-летови. Целта на Министерството е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да обезбеди неколку чартер-летови за евакуација на пријавените лица.

Истовремено, нашите дипломатско-конзуларни претставништва прават и посебен план за евакуација на граѓаните кои се во Бахраин и Кувајт.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојан контакт и целосно на располагање на македонските граѓани, како и во редовна координација со надлежните локални власти, со цел безбедно и навремено спроведување на евакуацијата.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Владата има капацитет да се справува со кризи, не очекува поголеми потреси поради воениот судир

Како Влада будно ќе ја следиме ситуацијата. Колку побргу ќе заврши воениот судир подобро ќе биде за нас и за светот, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Пролетва состанок со претседателот на Турција Ердоган во Скопје – Ќе се засилат заемните односи

„Убеден сум дека како наш стратегиски партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар, оти дел од постојните пречки ќе бидат многу скоро избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар.“ – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top