Македонија

Шест години од најголемиот срам на Мечкин Камен на Илинден (ВИДЕО)

Еден од најсрамните настани во владеењето на СДСМ и ДУИ

Македонија денеска одбележува 122 години од Илинденското востание но и 6 години од срамниот инцидент на Мечкин Камен каде што членови на тогаш владеачката СДСМ ги понижија сите што го дале животот за слободна Македонија.

 

На прославата на Илинден во 2019 година додека екс премиерот Зоран Заев одеше кон Мечкин Камен како одговор на граѓаните кои скандираа ,,Никогаш северна, само Македонија”, група членови на СДСМ почнаа да скандираат ,,Северна, Северна…”.

 

Според многумина оваа ситуација е еден од најсрамните настани во владеењето на СДСМ и ДУИ кои се обидоа да докажат дека илинденците и партизаните се бореле за Северна Македонија.

 

Тогаш министер во владата на Заев беше Венко Филипче сегашен лидер на СДСМ.

 

Поранешната власт и нивните блиски медиуми сега ги бришат видеата од овој срам но доказот не може целосно да се избрише.

 

Видеото на овој линк

 

https://x.com/DoznajNaVreme/status/1157293319829037056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1157293319829037056%7Ctwgr%5Efda2ae09ae83d9e525c1049d233b7db1c41744a8%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2F365.com.mk%2Fse-e-slichno-samo-vmro-go-nema-spontano-organizirani-gragani-partiski-prevoz-skandirane-severna-video%2F

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top