Македонија

Шест полицајци ќе бидат суспендирани по инцидентот со претепаните албанци

Внатрешната контрола на МВР откри низа пропусти во инцидентот со претепаните албанци

Шестмина полициски службеници ќе се соочат со постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и истовремено ќе бидат суспендирани од работа. Причина е случајот со прекумерна употреба на сила врз двајца Албанци на возраст од 21 и 23 години.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презел мерки за настанот од 7 октомври 2026 година, поврзан со прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди при преземање на полициски овластувања.

„Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место – суспензија“, соопшти Министерството.

Во однос на пријавите за кривично-правните настани поднесени до Одделот за внатрешна контрола и до Секторот за внатрешни работи Скопје, надлежните обвинителства издаваат наредби за вештачење. По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ДУИ бара оставка од Астрит Исени за полициско насилство врз двајца млади – МВР истражува

Тепаните кои ги брани ДУИ се обиделе да газат полицајци, носеле дрога и одзеле пиштол, тврди НСП

Полицаец албанец од криминалистичката полиција главен осомничен за претепаните млади во Сарај

(ВИДЕО) Излезе видео снимка од тепањето на двете момчиња во Сарај

Најнови вести од: Македонија

To top