Македонија

Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче

По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок и Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус, вели претседателот на СДСМ

Појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор на СДСМ за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство на партијата, претседателот Венко Филипче изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата.

„Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и поинакво мислење затоа што и тоа мислење беше сослушано, туку за процес за одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус.

Никој не гласаше против.

Јас нема да дозволам луѓе да го делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт, која ништо не може да направи за да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен. Веројатно ги имате тие анкети, ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст, единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре и така да нè ситнат за да владеат онака како сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме. Таква поделба се случи 2021 година, 2024 со националистичка и лажна кампања, во 2025 година самиот Шилегов рече дека тој не работел за СДСМ. Има и други такви луѓе што не работеле за СДСМ на изборите во 2025 година – изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата.

„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО“ соопштија од СДСМ.

„Имам многу што да кажам“: Шилегов за исклучувањето од СДСМ

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top