Македонија

Шкулаку: Албанците не изгубија ниедно етничко право по падот на Али Ахмети!

Видување на познат новинар од Албанија за политичката ситуација во Македонија и ситуацијата со неговите сонародници по изборниот и политички дебакл на лидерот на ДУИ Али Ахмети

„Не е вистинита пропагандата што се прави оти Албанците ги изгубиле сите етнички права по падот на Али Ахмети.’ – изјави познатиот новинар од Албанија Армандо Шкулаку во емисија на ТВ Сири од Албанија, во која настапи заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами и кандидат за повторен мандат на оваа функција.“ Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Весникот пренесува: „Шкулаку посочи дека Албанците не изгубиле ниедно право, и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ има апсолутно мнозинство во Собранието.“

„Не верувам во овие теории дека со заминувањето на Али Ахмети Албанците изгубиле некои права и т.н.“ – рече Шкулаку.“

Најнови вести од: Македонија

Користење фосилни горива во Европа и Македонија

Македонија емитува околу 6,6 до 7,3 милиони тони CO2 во апсолутен износ на годишно ниво. Кога оваа бројка ќе се подели со бројот на жители, се добиваат емисиите на СО2 во тони по жител на годишно ниво и тие изнесуваат 3,5 до 3,6 тони, а тоа е значително подобро од просекот на ЕУ кој изнесува околу 5,5 тони, пишува во колумна професорот Ристо Цицонков.

To top