Македонија

ШОКАНТНО ВИДЕО: Убиецот на жената во Капиштец јавно се фалел дека вози лудо!

Истото возило „фолксваген пасат“ со кое објавувал видеа од брзо и непрописно возење било инволвирано и во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Љуба Јаковлеска

 

Шокантни видеа од Инстаграм откриваат дека тинејџерот осомничен за смртната сообраќајна несреќа во Капиштец и претходно се фалел со опасно и непрописно возење, додека по него е распишана меѓународна потерница.

 

 

Тинејџерот Саит Саитов и претходно управувал возило непрописно, а дел од тие моменти ги објавувал на социјалната мрежа Инстаграм. Од содржините на неговиот профил може да се забележи дека уште на 17-годишна возраст возел над дозволената брзина со возило „пасат“, при што редовно се снимал и објавувал видеа од таквото возење.

 

 

Објави од опасно возење на социјалните мрежи

Истото возило „фолксваген пасат“ со кое објавувал видеа од брзо и непрописно возење било инволвирано и во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Љуба Јаковлеска. По несреќата, осомничениот го напуштил местото на настанот и се наоѓа во бегство.

Видеото е на Радио Лидер

Најнови вести од: Македонија

ГГ Стефан: Светлината на воскреснатиот нека нè просвети

„Христос воскресна! – Навистина воскресна!, наведува г.г. Стефан, е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание

To top