Македонија

Штип официјално има градоначалник со втор мандат и нов Совет на Општината

Триесет и седум годишниот Иван Јорданов од денеска официјално го почнува вториот градоначалнички мандат.

facebook.com/IvanJordanovv

Триесет и седум годишниот Иван Јорданов од денеска официјално го почнува вториот градоначалнички мандат. Тој во наредните четири години ќе менаџира со општина Штип, јавните претпријатија, Дом на млади, потоа основните и средни училишта и детските градинки. Јорданов е првиот градоначалник во историјата на Штип, кој од своите граѓани ја доби довербата за втор мандат.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Виктор Вацев денеска свечено ги додели уверенијата на старо-новиот градоначалник, Јорданов и на 23 советници. Во Советот на Општина Штип мнозинството му припаѓа на коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ, која има 16 советници, потоа СДСМ со четири советници, Левица има два и еден советник ЗНАМ.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов во својот говор истакна дека денес е голем и значаен ден за него, бидејќи какошто рече „голема е честа, но и голема е одговорноста да се управува најмодерната и најубавата Општина во нашата држава“.

-Ова е ден кој ќе биде запеметен, но и се надевам ден кој ќе мотивира многу чинители, вклучени во работењето на Општина Штип, да дадат свој максимум во развојот на нашиот град. Општина Штип е со огромен потенцијал и овој потенцијал ќе се искористи доколку заедно сите чинители вложиме труд, посветеност, работа за да ги реализираме сите проекти. Но и за да го развиеме нашиот град и да го искористиме тој потенцијал, којшто го има нашата Општина, рече Јорданов.

Тој се обрати и до новиот состав на Советот на Општина Штип, кој им порача да бидат конструктивни критичари, но и да бидат одлучни во носењето на одлуки за развој на Штип. Во Советот на Општина Штип, најмладиот советник има 18 години и доаѓа од Левица, а најстариот советник, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ има 71 година. Јорданов на традиционалниот прв брифинг со новинарите од Штип најави нови капитални проекти во делот на водоснабдувањето, изградба на Пречистителна станица со отпадни води, со средства од ЕУ, решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во центарот, потоа со палењето на градската депонија „Трештена скала“ од страна на собирачите на старо железо, изградба на нови булевари и населби.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top