Македонија

Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Утре, Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (

Најнови вести од: Македонија

Попов: Уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по нив, не можеме вечно да се обезличуваме национално

„Ако направиме сега уставни измени и започнеме преговори со ЕУ, тие ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ.“ – рече пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ во настап на ТВ 24, осврнувајќи се на позицијата на Македонија во преговорите со ЕУ.

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

To top