Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Дан: Евроинтеграциите да бидат процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности

Поздравено романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.

Таа, според соопштението од кабинетот на претседателката се заблагодарила за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.

Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ.

Сиљановска-Давкова го поздравила романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“.

Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.

На средбата биле разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката.

Сиљановска-Давкова изразила подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации.

На средбата Сиљановска-Давкова упатила покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top