Македонија

Сиљановска-Давкова: Имаме обврска да обезбедиме непречено функционирање на Хидробиолошкиот завод Охрид

Наш императив е да го сочуваме Охридското Езеро како непроценлив животен ресурс

Наш императив е да го сочуваме Охридското Езеро како непроценлив животен ресурс. Благосостојбата на езерото не е сама по себе загарантирана, ако општеството и институциите не се грижат за него, порача претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на денешното одбележување на 90-годишнината од основањето на Хидробиолошки завод во Охрид.

– Мораме да се грижиме и да ги сочуваме нашите природни убавини и реткости. Тие се вечни, тие се наше, но и светско наследство и му припаѓаат на целото човештво, а не само нам. Да склучиме договор со природата, да склучиме договор со Охридското Езеро, а можеби да донесеме закон за Охрид, третирајќи го како надредено над нас, постаро и поважно. Да го заштитиме и чуваме, оти преку него се штитиме себеси. Да вложуваме во екологијата, рече Сиљановска-Давкова.

Побара зголемување на буџетот на Хидробиолошкиот завод како институција која има клучната улога во зачувувањето на водените ресурси во државата.

– Хидробиолошкиот завод не е чувар единствено на Охридското Езеро. Тој е посветен и на другите два бисери на македонската водена ризница: Преспанското и Дојранското Езеро. Имаме генерациска обврска да обезбедиме непречено и континуирано функционирање на фундаменталната научно-истражувачка и образовна дејност од областа на биологијата – лимнологијата, подвлече Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на развојот на Хидробиолошкиот завод, Сиљановска-Давкова посочи дека тој прераснал во реномирана институција која располага со современа лабораториска опрема. Како што посочи, Хидробиолошкиот завод од Охрид претставува првата линија на одбрана во борбата против климатските промени, исчезнувањето на видовите и загадувањето на водите.

– Јавна тајна е дека слатката вода како ресурс е во фокусот на сегашноста, а ќе биде клучна и во иднината. Впрочем, предвидувањата велат дека таа можеби, или веројатно ќе биде извор на идните светски конфликти. Не смееме да замижуваме пред горчливата вистина на сенките понекогаш надвиснати над езерото: неконтролираниот урбанизам, загадувањето, несоодветното управување со отпадните води, смртната опасност по јагулата и нејзиниот попречен, па и оневозможен пат кон Саргасовото море и назад, сечењето на трските и уништувањето на блатото. Сето ова не смееме да не го гледаме. Благосостојбата на езерото не е сама по себе загарантирана, ако општеството и институциите не се грижат за него и ако не војуваат со него. Ако продолжиме и ако дозволиме да го вознемируваат и уништуваат езерото, ќе посегнеме по суицид, потенцира Сиљановска-Давкова.

Според директорката на Хидробиолошкиот завод Орхидеја Тасевска, девет децении постоење не се само бројка, тоа историја на посветеност, труд и научна љубопитност.

– Во 1935 година во времето кога науката за копнените води беше во своите почетоци, токму овде на бреговите на Охридското Езеро се поставија темелите на првиот научно- истражувачки центар од ваков вид на Балканот. Благодарение на визионерството на научникот, академик Синиша Станковиќ започнува една нова ера на систематското проучување на езерото и богата флора и фауна со бројни ендемични и реликтни видови, рече Тасевска.

Се осврна на развојот на Хидробиолошкиот завод низ годините, таа оцени дека денес Заводот е модерна научна установа со тим од научни работници кои со својот труд и визија ја надоградуваат работата на генерациите пред нас, организирани во десет одделенија со низа истражувања.

– Заводот има капацитет и компетентност да ги следи состојбите со сите природни и вештачки езера во државата и со тоа да обезбедува стратешки податоци за управување со водните ресурси. Институутот врши и активна заштита на животната средина. Во текот на својот раст и развој оваа установа се соочувала со многу предизвици и потешкотии, но останала столб на лимнолошките истражувања во нашата земја. Хидробиолошкиот завод е симбол на нашата одговорност кон природата, чувар на нашето најголемо богатство и мост што не поврзува со светот. На 90 години од неговото основање нашата мисија продолжува со уште поголема посветеност, со визија за иднината и со вера дека науката и природата мора да одат рака под рака, порача директорката на Заводот.

Државниот советник за наука и иновации при Министерството за образование и наука Светлана Пинева информираше дека оваа година доделени се средства во износ од три милиони денари за продолжување на истражувањата на Охридското Езеро.

– Оваа година издвоен е буџет од 680 милиони денари за финансирање на наука што е речиси двојно повеќе за разлика од буџетот во 2024 година. На три јавни конкурси распределени се 374 милиони денари за проектно финансирање на јавните научни установи, факултетите, научните институти и МАНУ. Науката и истражувањата, користењето на знаењата и македонскиот памет се единствениот начин на малите држави да се натпреваруваат со светот. Како Институт вие тоа го потврдувате, истакна државниот советник за наука и иновации во Министерството за образование и наука Светлана Пинева.

За градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, Хидробиолошкиот завод е темел на научното проучување на Охридското Езеро и од основањето до денес тој ја носи мисијата да ја чува неговата уникатна флора и фауна и да создава мост меѓу науката и општеството.

Хидробиолошкиот завод Охрид е најстарата македонска научно-истражувачка институција, основана во далечната 1935 година од академикот Синиша Станковиќ.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

Вреди: Агата Али Ахмети и милионерите од криминалното раководство на ДУИ –Соравија немаат морална доверливост да говорат во името на Албанците!

Партијата ДУИ-„Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, нагласува партијата Вреди во своето соопштение.

Мерц бара нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на проширувањето на ЕУ, а Западниот Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“.

„Курир“: Бандата на Филипче, Заев, Шмрчко, Жерновски, од „државотворна“ станаа патолошка партија! – Врескаат против Савески, кој нема никаква партиска врска како нивните обвинителски ајвани!

„Нов ден, нов пораз и доказ за лажните вести за СДС и Венко Филипче. Се случи нов демант на лажните вести и клевети на подизведувачите на Заев. СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли како неоснована инфантилната кривична пријава против премиерот Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека по неговата изјава за неговото ‘чувство’ следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, николовски и останата банда).“ – пишува порталот „Курир“ во својот редакциски коментар.

To top