Македонија

Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката на Македонија коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“.

„Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог, пред него имало неколку декларации една од нив направена и со помош на МАНУ.

Очекував и се израдував, ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги закопаа секирите, и јас мислев тоа е оној моментумот политички кога ќе одат заедно во Брисел и ќе речат – видете ние веќе не знам колку пати посегнавме по уставни измени, резултат нема, очигледно не е тоа решението.

Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста“, вели претседателката.

„Ајде и ние малку да бидеме по моделот на бугарските или грчките политичари, не мора да го менуваме Уставот, ама да седнеме и да изградиме платформа на преговори. И да не одиме никаде надвор и со никого да не разговараме пред да повикуваме на тоа.

Што мислиме заедно дека е можно, а што мислиме дека е неможно. И како да тргнаа работите, одеднаш ја видов посетата на лидерот на СДСМ на Брисел и тој рече дека е спремен да го жртвува својот мандат само да сме исчекореле. Ако имате еден чекор – уставна измени и потоа пречка, ништо не сте сториле, само сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија. Јас не сум за линии, јас сум за договор дома – нагласи Сиљановска Давкова во интервју за Сител.

Според претседателката, национализмот се случил онаму каде што не смеело да се случи – во Европскиот парламент.

„Национализмот се случи таму каде што не смееше – во Европскиот парламент. Тоа не беше слобода на говор, тоа беше говор на омраза. Не беа застапници на тој говор само десните партии, туку сите застанаа зад тоа дека се обединиле и го урнале нашиот предлог. Значи ние не треба националистички да настапуваме, ниту можеме да настапуваме, меѓутоа може надвор со консензус да одиме, тогаш ќе нè почитуваат. Не се работи за партиски прашања, се работи за национални прашања – нешто за што навистина треба да има консензус“.

Во однос на тоа дали може покрај сето ова да напредуваме напред кон Брисел, таа посочи дека не може преку ноќ сè да се смени, потребен е консензус од ЕУ, но тоа, вели, е исто така на линија на филозофијата на ЕУ, оти филозофијата на ЕУ нас нè привлекува и сите други, а таа е единство во различности или почитување на националниот и културниот идентитет во тој политички систем, како систем на држави и нации и почитување на дигнитетот и интегритетот.

„И ние дома не треба да бегаме од причните врзани за Копенхагенските критериуми, тие биле за сите, треба да важат и за нас. Меѓутоа, не можете да постигнете исчекор во исполнување на ирационални барања бидејќи ирационалното нема основа – тоа раѓа ново ирационално барање“ – оцени Сиљановска Давкова.

Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, таа рече дека не се во прашање ограничените или нарушените права на граѓаните кои се декларираат како Бугари во Македонија.

„Не е тоа во прашање, бидејќи нивните права споменати или не споменати во преамбулата, тие се заштитени, бидејќи ние во Уставот имаме одредби за заштита на правата на малцинствата.

Мојот проблем е како може да барате од другиот да го стори тоа што вам ни нормативно, ни фактички не ви паѓа на ум. Во бугарскиот Устав нема одредби за заштита на малцинствата, ама има одредби за заштита на Бугарите каде било надвор. Само ние се самоограничуваме во Уставот. Впрочем и Венецијанската комисија ѝ препорачува на Бугарија во 2008 да го смени Уставот низ призма на оценка на заштитата на малцинските права. Ако некој ве негира, вели дека не постои македонска нација, вели дека дури и не постои македонски јазик, а вие велите дека тоа ви е гарантирано, тогаш нешто не е во ред кога се бара сега вие да го смените Уставот и под други да ги ставите Бугарите, а тие да продолжат да ве негираат, да продолжат да негираат дека треба да влезете во Советот за малцинства, дури и да продолжат да ви го негираат правото на здружување и покрај пресудите на судот во Стразбур. Тоа не е наш проблем, тоа е проблем на Советот на Европа“ рече Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

Најнови вести

To top