Македонија

Сиљановска Давкова: Ни треба национален консензус околу гаранциите од ЕУ

Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процест на евроинтеграциите.

– Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус, но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите. Ако Советот на Европа формирал суд за човекови права, пресудите треба да се спроведуваат – рече претседателката Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

Мораме, потенцира таа, еднаш да добиеме гаранција дека нема некој да нè турка да расправаме за идентитетски прашања, бидејќи тоа е темелната вредност на ЕУ.

– Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за гаранции. Не е точно дека не сме разговарале, сме разговарале. Не е само трет протокол, може со измена на Протоколот, може со измена на заклучоците. Нашиот преседан не е битен само за нас, туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ – рече Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека високи европски претставници рекле дека се потребни гаранции и оти ветото треба да се урне.

– Јас тврдам дека дури и во случајот на државите од Западен Балкан кои се најбрзо натаму може да се случи повторно да има вето – посочи претседателката.

Сиљановска Давкова оцени дека тоа што го прифатила поранешната Влада и тоа што го внела во Преговарачката рамка и во заклучоците е спротивно на самите принципи и вредности на ЕУ.

Според претседателката Сиљановска Давкова, која било членка на ЕУ може да покрене постапка против Бугарија, како што вели, за кршење на основните принципи и вредности. Може, дополни, и една третина од пратениците, може Комисијата. Има механизми. Кога ги читате извештаите и кога ги гледате евалуациите, вие гледате дека ние за Зелената агенда сме вреднувани исто како и Молдавија, но таа добива средства, а ние не.

– Мора ЕУ да најде решение да нè држи во кондиција, бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната извесна мултиполарна сцена. Зборуваме, тоа не се мои зборови, на ЕУ лидерите се, за отпорност кон можни влијанија и за нешто што е многу важно – гаранции, значи безбедносните дилеми остануваат, еве гледаме дури и со бегалските кризи повторно може да се појават на сцената. Решение ЕУ ако сака може да најде, а ние и предочуваме. Зошто не сака? Затоа што е практична, прагматична и затоа што некој се согласил. Доколку тие што сега предлагат резолуции и слично, поинаку мислеле и го предочиле ова што го зборувам јас, тогаш во предвид ќе го зеле и оние кои што одлучувале. Ама тие ги убедувале дека ова е сосема добро решение и да се сетиме, тогаш ни велеа уште ова и готово е, ние ги почнуваме преговорите – рече Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top