Македонија

Сиљановска Давкова прими Македонки кои го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија

На средбата биле присутни и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер и началникот на генералштабот на АРМ Сашко Лавчиски     Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими две Македонки кои го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија.   ,,Горда сум што денеска ги примив капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска, две извонредни припаднички […]

На средбата биле присутни и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер и началникот на генералштабот на АРМ Сашко Лавчиски

 

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими две Македонки кои го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија.

 

,,Горда сум што денеска ги примив капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска, две извонредни припаднички на македонската армија кои успешно го завршија престижниот „Maneuver Captain’s Career Course“ во Џорџија, САД.

 

Нивната посветеност, знаење и амбиција се доказ за високото ниво на професионалност што го поседуваат нашите воени кадри.

На средбата биле присутни и американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер и началникот на генералштабот на АРМ Сашко Лавчиск

,,Уверена сум дека нивната експертиза ќе придонесе за уште посилна и поефикасна Армија. Тоа е и влог во нашето партнерство со САД и во кредибилитетот на државата како сојузник во НАТО.

 

Се залагам за создавање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност со седиште во Скопје, зашто верувам во лидерството на жените во одбраната во регионот”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top