Македонија

Сиљновска Давкова изненадена од Таравари – шокирана од Бујар

Шефицата на на државата, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека не го разбира потегот на министерот за здравство во оставка и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да излезе од Владата. „Да бидам искрена ова што го направи јас не го разбирам. Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова навистина да не знаете […]

Шефицата на на државата, Гордана Сиљановска-Давкова вели дека не го разбира потегот на министерот за здравство во оставка и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да излезе од Владата.

„Да бидам искрена ова што го направи јас не го разбирам. Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова навистина да не знаете кој е ставот и зошто е, е крајно невообичаено. Јас ги паметам дискусиите во парламентот за Раскољников точно од една партија, па потоа Раскољников стана некој којшто може да се толерира. Значи не мислам дека се во право ДУИ кога вака зборуваат, но некогаш кога ќе тргне лавината или топката да се тркала таа добива некои чудовишни димензии“, изјави претседатеката во гостување на „Вин-Вин“на Телма.

Сиљановска-Давкова исто рече оти ја чуди и тезата на поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните ќе обезбедат четиригодишен мир.

„Мене ме чуди една теза што ја чув, вака вели поранешниот министер за надворешни работи: ‘Сега ако излеземе на парламентарни избори заедно со локалните тоа ќе ни обезбеди четиригодишен мир’. Ништо не разбирам. Како тоа? Значи ако е ДУИ внатре загарантирано четири години мора да се биде, а сега, па реформски агенди, тоа е неверојатна теза. Тезата е нелогична“,вели претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top