Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека поради силен ветер, денеска жичницата на Водно нема да работи.
1 минута за читање
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на објектот“ информираат од ЈСП.
Нашите служби постојано ја следат ситуацијата и веднаш штом временските услови се подобрат, жичницата ќе продолжи да ги превезува патниците“, истакнуваат од ЈСП.