Македонија

Силно невреме во Скопје, предизвикани материјални штети и регистрирани пожари

Скопје на удар на природата

По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од градот Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, додека Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите релевантни служби на терен, велат од ЦУК.

„Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби при ЦУК, ги координираат активностите и ги информираат сите надлежни институции со цел навремено постапување.

Согласно досегашните информации, нема евидентирани повредени лица.

Ги повикуваме граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или воочат дополнителни ризици, веднаш да се јават на бројот за итни повици 112“, информираат од ЦУК.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top