Спорт

Скандал на „Енфилд“: Полицијата исфрлила навивач во инвалидска количка (ВИДЕО)

Инцидент на натпреварот Ливерпул – Борнмут

Ливерпул го совлада Борнмут со 4-2 , но мечот беше одбележан и од еден инцидент.

Во 29. минута, судијата Ентони Тејлор ја прекина играта, пристапи до аут-линијата и им објасни на тренерите Арне Слот и Андони Ираиола дека Антоан Семенјо пријавил расистичка навреда од навивач на Ливерпул. Полицијата веднаш реагираше и го отстрани навивачот од стадионот. Снимките од трибините покажаа дека станува збор за навивач во инвалидска количка.

Се надеваме дека расистичките навреди нема да се повторат , а головите од натпреварот може да ги погледнете подоле.

 

Најнови вести од: Спорт

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти. Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во […]

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласира во финале на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот што се одржува во Куршумлиска Бања, откако во полуфиналниот меч ја совлада Русинката Дарија Астахова со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-4. Нашата Лина не го започна најдобро мечот и го загуби првиот сет, но во продолжението успеа да ја наметне својата игра и […]

To top