Македонија

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе опсежна контрола на боледувањата на 80 лица, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во период од последната година и пол, овие лица регистрирале вкупно 514 боледувања, од кои 258 траеле до 7 дена, 171 до 15 дена, а 83 над 30 дена. Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, појасни дека најголемо внимание се обрнува на боледувања над 15 дена, бидејќи тие се упатуваат на комисија за потврда. Најчести дијагнози биле респираторни заболувања, проблеми со мускулниот систем и дигестивни тешкотии.

– Од 80 контролирани лица, кај 29 откривме неправилности. Од 514 боледувања, 100 беа неуредно издадени, што значи речиси секое петто боледување – рече Клековски.

Контролираните здравствени установи биле 105, претежно приватни ординации по општа медицина, но имало и гинеколози и стоматолози. Неправилности се констатирани кај 29 приватни здравствени установи, три специјалисти во јавни здравствени установи и две лекарски комисии во два града. Најчести недостатоци биле непочитување на задолжителни дијагностички постапки, издавање ретроградно на боледувања и непоклопување на периоди.

– Десет лица менувале матични лекари за време на боледување, што укажува на злоупотреба. Сепак, има и оправдани боледувања, кај две лица траат повеќе од 10 месеци со иста дијагноза и се упатени на инвалидска комисија – додаде Клековски.

Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување. Клековски посочи дека акцијата ја открила најголемата слабост на системот – недостиг на интегриран систем за следење на боледувања, особено за оние до 15 дена, кои се регистрирани само во „Мој Термин“. – Европските просеци се меѓу 2 и 5 проценти од работното време, но ние не знаеме колку се кај нас – истакна Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на […]

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top