Денеска времето низ поголемиот дел од земјава ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во вид на невреме, со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните ќе достигнат од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 24 степени.
До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време, со мала до умерена облачност.
Утре во попладневните часови локално повторно се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со пороен дожд, грмежи и град.
Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а од среда правецот ќе се смени во југоисточен.