Хроника

Скопскиот бизнисмен Марјан Јованов пронајден мртов во сопствениот базен

Причините за смртта засега не се познати. а одговорите се очекуваат по обдукцијата што ќе ја изврши Институтот за судска медицина

Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов (58), во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од својот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, кога во базен во дворот од куќата било пронајдено безживотното тело на Јованов.

„На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.

Марјан Јованов беше еден од најпознатите македонски бизнисмени и долгогодишен дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Во јавноста беше познат и по тоа што беше обвинет во предметот „Шпански скали“, но во судската постапка доби ослободителна пресуда.

 

Најнови вести од: Хроника

Поранешниот сопруг е осомничениот за убиството на жената (48) во Скопско – уапсен е нејзиниот поранешен сопруг, а задржани се и тројца негови пријатели

Под сомнежи за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, велат од ОЈО Скопје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена (48) од Таор, информираат од Обвинителството. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Се преземаат дејствија за и целосно расчистување на настанот.

To top