Македонија

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

Евтаназијата, или смрт од милосрдие предизвикана од страна на старател по барање на пациентот, останува забранета

 

Словенија го легализираше таканаречено „потпомогнато“ самоубиство, кое граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум.

Со 50 гласови „за“, 34 „против“, и тројца воздржани парламентот го узвои законот.

Законот им дава право го завршат својот живот, на пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива, освен во случај на ментални болести.

Исто така, ќе може да се примени во случаи кога не се очекува третманот да го опорави или подобри здравјето на пациентот.

Прво ќе мора да се исцрпат сите опции за медицински третман.

Правото не може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест.

Евтаназијата, или смрт од милосрдие, предизвикана од страна на старател по барање на пациентот, останува забранета.

На референдумот минатата година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.

Швајцарија и Австрија веќе го дозволија тоа.

Холандија, Белгија и Луксембург ја одобрија еутаназијата.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага за трошењето на парите во згаснатото СЈО

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“: кој го нарача обидот да биде убиен и зошто?

Утре во Филозозофскиот факултет во Скопје ќе биде одржана научна и стручна конференција на тема „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија“. Како што истакнуваат од одборот за одржување на конференцијата, таа би требало да даде одговори на четири најважни прашања: (1) кои беа причините и мотивите за атентатот? (2) кои се можните нарачатели и извршители? (3) дали можеше да биде спречен атентатот и зошто не беше? (4) зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top