Македонија

СМК: Семакедонска средба за Илинден во Трново

На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината

На 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 54. Светска Македонска Иселеничка Средба и 45. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2024, соопшти Светскиот македонски конгрес.

Организатори на 54. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината.

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, сите можат да присуствуваат.

Средбата ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во име на Македонската Влада. Во владината делегација покрај министерот Панче Тошковски ќе бидат и заменик министерот за локална самоуправа Марјан Ристески и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Поздрави до присутните ќе упатат и организаторите – претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН Александар Јаневски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола и КУД “Новаци” од Новаци.

Организаторите упатуваат јавна покана за масовно присуство на Семакедонската средба до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината! Повелете!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top