Македонија

Снег на Шар Планина среде лето

Снежна покривка над Попова Шапка и Церипашина

На повисоките делови на Шар Планина денеска падна снег, иако календарски сме во средината на летото. Снежна покривка е забележана над Попова Шапка и на врвот Церипашина, како последица од најавеното заладување што ја зафати Северна Македонија.

Метеорологот Славчо Попоски објави фотографии на кои јасно се гледа снежната покривка на планината.

Во меѓувреме, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм поради нестабилното време. Според најавите, во повеќе делови од земјата се очекуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

To top