Македонија

Снимени мечка со две помали мечиња како се шетаат низ Шар планина (ВИДЕО)

Од Националниот парк Шар Планина објавија видео-снимка на нивната фејсбук страница, на која се гледа поголема мечка додека се шета со своите две малечки мечиња. „Видеото што го споделуваме е прекрасен потсетник дека кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да ѝ оставиме простор и да придонесеме […]

Од Националниот парк Шар Планина објавија видео-снимка на нивната фејсбук страница, на која се гледа поголема мечка додека се шета со своите две малечки мечиња. „Видеото што го споделуваме е прекрасен потсетник дека кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да ѝ оставиме простор и да придонесеме сите за безбедноста и на природата и на луѓето, велат од Националниот парк.

„Кафеавата мечка е еден од највпечатливите и најзначајни видови на Шар Планина. Како строго заштитен вид мечката има суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа во нашиот национален парк и пошироко на Балканот. Во видеото што го споделуваме, планинари на високопланинските пасишта среќаваат мечка со две мечиња, родени во јануари–февруари 2025 година. Малечките во следните две години ќе учат од својата мајка како да преживуваат и се приспособуваат во дивината. Во видеото тие се љубопитни, но се оддалечуваат од луѓето, избегнуваат средба – типично однесување за мечки“, велат од Националниот парк во објавата.

Во објавата тие посочија еден интересен факт за овој вид на мечки, а тоа е дека во зима мечките не спијат целосен „зимски сон“, туку паѓаат во состојба на длабок мир и дека ако се вознемират или ако времето е невообичаено топло, можат да се разбудат и да го напуштат леглото. „Оваа година населението од шарпланинските села имаше почести средби со мечки, кои веројатно се движеле поблиску до населените места поради лесно достапната храна од диви депонии и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината“, посочија од Националниот парк.

Видео

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Богојески пак ја шокира јавноста: „Хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“ (ВИДЕО)

На своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени, а тие кои протестираа ги обвини дека заработуваат од странски фондации и амбасади

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top