Македонија

Снопче и Реџепи контра „Безбеден град“, бил дискриминаторски и ќе го оптоварел џебот на граѓаните

Пратеникот од Алијанса за Албанците и тој од Европскиот фронт нема да гласаат за системот за регистрирање прекршоци во сообраќајот

Опозициските пратеници Халил Снопче и Скендер Реџепи-Зејд се изјаснија против донесувањето системот „Безбеден град“.

„Безбедноста во сообраќајот е важна, но не под услов да се прекрши Законот за јазиците и животниот стандард на граѓаните, кој е веќе преоптоварен, да биде сериозно засегнат“, изјави Снопче од Алијанса за Албанците.

Пратеникот исто така, изразува сериозна загриженост за финансиската димензија на проектот, нагласувајќи дека бројот на казни е алармантен и дека државата мора да преземе мерки во согласност со економската реалност на граѓаните, трансформирајќи го проектот „Безбеден град“ од безбедносен механизам во масивен инструмент за финансиска казна.

Зејд од т.н. Европски фронт, пак, вели дека овој проект е несоодветен за реалноста на земјата, казнен, дискриминаторски и неуставен.

„Патиштата и инфраструктурата на вклучените градови се под секој европски стандард и не создаваат реални услови за правична имплементација на овој систем. Вистинската цел на Владата не е безбедноста на граѓаните, туку пополнувањето на буџетските празнини преку каззни. Не е вклучена целата држава, туку само одредени градови, создавајќи нееднаков третман за граѓаните. Во трите вклучени градови – Скопје, Куманово и Тетово – албанскиот јазик е службен јазик, а Владата дозволи софтверот на проектот да се подготвува само на македонски јазик“, го објаснува своето противење на „Сејф сити“ лидерот на Народното движење.⁣

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top