Македонија

Снопче загрижен дека „Безбеден град“ ќе им го зголеми товарот на граѓаните

Пратеникот од Алијанса за Албанците објаснува зошто гласал против преку дијалогот со Тошковски на собраниската седница

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците го пренесе на Фејсбук сопствениот дијалог со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на собраниската седница за „Безбеден град“ за да го објасни својот глас против.
„’Safe City’ помина. Јас гласав против.
Подолу со вас споделувам една полемика со министерот за внатрешни работи, г. Тошковски, во врска со забелешките за овој проект.
Министерот се обиде да ја иронизира висината на казните што јас ги презентирав и кои, хипотетички, граѓаните би требало да ги платат како резултат на казните што би ги добиле со спроведувањето на проектот ‘Safe City’. Тој ми се обрати велејќи дека мојата ‘весела математика’ е на ниво на чаршиски муабети.
Му одговорив дека зборувам за животниот стандард на граѓаните и дека во секој аспект Владата прекумерно го оптоварува нивниот џеб. Му реков: ‘Подобро мојата ‘весела математика’, отколку ‘тажната математика’ на Владата, која од ден на ден сè повеќе им го празни џебот на граѓаните.
Исто така, го прашав министерот дали јаде ѓеврек и јогурт наутро, што јас често го правам. Еден ѓеврек чини 40 денари, а јогурт 30 денари. Му реков дека едно четиричлено семејство, доколку јаде само ѓеврек и јогурт три пати на ден, треба да плати 25.200 денари месечно, што е повеќе од минималната плата во државата.
Тоа е, му реков, вашата ‘тажна математика’ за граѓаните на оваа земја, на кои со проектот ‘Safe City’ товарот ќе им се зголеми уште повеќе“, напиша Снопче.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top