Македонија

Со кола влечел царински службеник за да избегне царинска контрола

Бегал оти носел марихуана, нож, два пиштоли – уапсен бил синоќа во Скопје

„Филмска потера се случувала вчера откако 24-годишен косовски државјанин избегал од царинска контрола на граничниот премин Блаце, оттурнувајќи и влечејќи царински службеник со возилото.

Косовскиот државјанин Р.Е. (24) бил лишен од слобода синоќа околу 22 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата Јадранска магистрала во Визбегово.

При неговото приведување биле пронајдени марихуана и нож, а самиот признал дека за време на бегството фрлил кеса во која имало два пиштола.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, претходно на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел контрола на неговото патничко возило „БМВ“ со косовски регистарски таблички, Р.Е. ненадејно го стартувал автомобилот, го оттурнал цариникот и го влечел неколку метри, по што побегнал во правец на Скопје.

Р.Е. е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top