Македонија

Со над 10 милиони евра, ЕУ ќе ги поддржи општините и граѓанските организации во ЗБ преку програмата RELOAD3

„Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“

Под мотото „Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“ почна дводневната регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Стотина претставници на локалните самоуправи, граѓанските организации, Европската комисија и партнерските институции од целиот регион на Западен Балкан се собраа во Скопјe, домаќин на Првата регионална конференција на третата фаза на ReLOaD програмата. За значењето на соработката меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа зборуваше Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа на Македонија.

„Нема успешна децентрализација без локална демократија. Овие двa процеси се условени еден со друг. Учеството на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво е огледало на локалната самоуправа. Проектот е многу значаен затоа што се воспоставени механизми за отчетно и транспарентно работење на локалните власти“, изјави Селими.

Симела Цакири, раководителката на тимот за координација на граѓански организации и медиуми во Западен Балкан и Турција при Европска комисија ги најави конкретните очекувања од новата фаза на програмата.

„Врз основа на добрите резултати од првите две фази, Европската унија издвои 10,75 милиони евра за третата фаза на програмата ReLOaD. Благодарение на континуираната поддршка, ReLOaD3 ќе овозможи спроведување на над 280 проекти на организации на граѓанското општество, кои ќе реализираат разновидни активности засновани на локалните приоритети. Очекуваме над 33.000 граѓани од локалните заедници низ регионот на Западен Балкан да имаат корист од овие проекти.“ рече Цакири.

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, рече дека за позитивниот ефектот на програмата врз локалниот развој зборуваат видливите придобивки во земјава, каде што се реализирани повеќе од 100 иницијативи на граѓанското општество во 11 локални заедници. „Со ReLOaD3 влегуваме во фаза фокусирана на проширување на успешните практики, зајакнување на институционалните капацитети и обезбедување нивна одржливост. Оваа конференција, прва од ваков вид во новата фаза, претставува важна можност да се осврнеме на постигнатиот напредок, да размениме искуства и да ја обликуваме нашата заедничка визија за годините што следат.“ истакна Григорјан. Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) е финансирана од Европската Унија и се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). ReLOaD3 се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово 1 , Црна Гора,  Македонија и Србија.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top