Во општина Липково беа презентирани резултатите одуспешно завршениот проект за регулација на дел од речнотокорито во село Слупчане. Оваа инфраструктурнаинтервенција е директен одговор на потребите на граѓаните, со цел долгорочна заштита од поплави кои во минатото гизагрозуваа домовите и земјоделските површини во овојрегион.

Во периодот меѓу октомври и февруари 2025 година, граѓаните на Липково активно учествуваа на Форумите возаедницата за да дебатираат за иднината на својата општина. Министерот Перински, кој беше присутен на последната, петта форумска сесија, истакна дека Форумите возаедницата се клучен механизам за носење одлуки базиранина потребите на граѓаните. Токму затоа, тие се интегрираниво новиот Закон за локална самоуправа, кој треба да бидеизгласан за да се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност во работењето на општините.
Надоврзувајќи се на значењето на ваквата соработка, АрменГригорјан, постојаниот претставник на УНДП, потенцирашедека овој проект е многу повеќе од обична инфраструктура– тој е суштински дел од мерките за намалување наризиците од катастрофи. Тој додаде дека во услови наклиматски промени, управувањето со речните корита е клучна одбрана за заштита на животите и имотите на луѓето, истовремено поставувајќи нови стандарди за отворено и одговорно владеење.
Атула Абази од Слупчане посведочил на последиците од поплавите на неговите насади во минатото. „Пиперки, бостан, домати – се што беше орано беше поплавено… Затоа се вклучив во Форумите во заедницата и среќни сме, како јас така и другите што го изгласавме овој проект“ вели тој.
Покрај инфраструктурата, проектот обезбеди системскаподдршка за поголема транспарентност и отчетност. Соновата ИКТ опрема за пренос во живо на седниците и е-платформата за финансиска транспарентност (E-Dashboard), граѓаните сега имаат директен увид во работата на Советоти трошењето на јавните пари. Дополнително, преку новИнтегриран локален развоен план и обуки за администрацијата, се зајакнаа капацитетите за ефикасно и дигитално работење на општината.
Швајцарија како донатор активно го поддржуваунапредувањето на агендата за децентрализација на СевернаМакедонија уште од самите нејзини почетоци. „Во текот наизминатите децении, помогнавме во подобрувањето наопштинските услуги низ целата земја во областите наобразованието, животната средина, спортот, културата, водоснабдувањето, комуналните услуги и урбанотопланирање. Неодамна започнавме нова програма наречена„Заедници со интегритет“ за да помогнеме возголемувањето на интегритетот на локалните самоуправи и се надеваме дека ќе успееме да вклучиме што е можноповеќе општини.“ рече Кристоф Зомер, амбасадорот на Швајцарија во земјава.
Проектот за уредување на речното корито во Слупчане е реализиран во рамките на втората фаза од програмата„Зајакнување на општинските совети“, финансирана одШвајцарската влада и Министерството за локалнасамоуправа, а спроведена од Програмата за развој наОбединетите нации (УНДП). Во оваа втора фаза, проектотподдржа 30 форуми со вкупно 150 сесии во 30 партнерскиопштини, достигнувајќи до над 10.500 граѓани, каде женитесочинуваат преку 51% од учесниците. Преку овојинклузивен процес, досега се имплементирани 33 проектисо вкупен буџет од над 2,2 милиони долари, вклучувајќиоколу 800.000 долари општинско кофинансирање.
Во конкретната интервенција на реката во с. Слупчане, Општината Липково учествувала со сопственокофинансирање. „На тој начин покажуваме поголема сопственост и посветеност на проектот и докажавме дека информираните граѓани можат да донесат одлука која влијае на нивната иднина.“ рече Еркан Арифи, градоначалникот на општина Липково.