Македонија

Соломонско решение за Народниот правобранител: Како да заврши политичката блокада

Историска шанса за инклузивно решение

 

 

Македонската демократија и политички систем се наоѓа пред важен тест – не само институционален, туку и вредносен. Иако на последната лидерска средба беше постигнат напредок околу повеќе прашања, изборот на Народниот правобранител останува заглавен поради недостиг од договор и политички калкулации.

Институцијата што треба да биде симбол и гарант на заштитата на човековите права веќе подолго време функционира со ограничени капацитети и различни проблеми. Цената на оваа блокада не ја плаќаат политичките елити, туку граѓаните – особено најранливите групи, за кои Народниот правобранител често е последната надеж за правда.

Политички калкулации наспроти институционална одговорност

ДУИ јасно соопшти дека нема да обезбеди Бадентерово мнозинство за предложениот кандидат Фатон Сељами, барајќи негово повлекување и продолжување на разговорите за решение прифатливо за сите. Народниот правобранител е уставна категорија и не смее да биде предмет на краткорочни договори и условувања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека решението треба да произлезе од договор меѓу координаторите на пратеничките групи и дека е можно деновиве да има решение. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се бара креативно решение за надминување на блокадата. Токму затоа во јавноста се поставува прашање: дали креативното решение ќе остане само добра идеја или ќе се претвори во имплементирана државничка одлука донесена со консензус?

Соломонско и инклузивно решение

Во јавноста се појави предлог што суштински ја менува рамката на дебатата. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно истакна дека Народниот правобранител треба да биде од ромската заедница – најмаргинализираната и најдискриминираната група во државата.

Во ваква комплексна ситуација, овој пристап нуди можност за надминување на меѓупартиските несогласувања без политички губитници.

Изборот на Ром за Народен правобранител не е загуба за ниту една заедница, туку знак на државничка зрелост, кој ги надминува тесните етнички калкулации и перцепцијата дека институцијата мора да припаѓа само на една етничка група.

Доколку се реализира, изборот на Народниот правобранител од ромската заедница ќе биде новина со силна порака за инклузија, еднаквост, заштита на сите малцинства и за непристрасно функционирање на институциите.

Во овој контекст, од јавно достапните биографии, кандидатурата на Доан Сулејманоски се издвојува и не може да остане незабележана – магистер по правни науки, во завршна фаза на докторски студии по казнено право, со положен правосуден испит, богато институционално и граѓанско искуство, како и актуелен член на Комисијата за помилување во кабинетот на претседателката ГорданаСиљановска-Давкова.

Неговиот профил покажува дека изборот нема да биде симболичен гест, туку реална можност институцијата да добие силен, кредибилен и независен носител.

Токму ваквите кандидатури ја даваат шансата институцијата да стане кредибилна и независна – и да покаже дека политичките калкулации не мора да диктираат исход.

Надминување на партиските калкулаци и државничка зрелост

Во услови на ваква состојба кога веќе еднаш предложениот кандидат не е прифатлив и се бара друг „поприфатлив“ кандидат од листата мерејќи политички импулс, политичка кооперативност и сервилност на идниот потенцијалниот народен правобранител, изборот на независна личност е добивка на државата и тест да се излезе од постојаната етничка сенка. Досегашната пракса и логика не е европска, ниту демократска – таа создава илузија дека компромисот е слабост, а секое отстапување – загуба.

,,Гордиевиот јазол” околу Народниот правобранител е шанса за албанските политички лидери да покажат дека сакаат функционални механизми за сите граѓани а не само позиции и функции на кои ќе бидат именувани Албанци. Поддршка за кандидат неалбанец нема да биде загуба за Албанците кога веќе има извесност дека Народниот правобранител Ром, Србин, Влав, Бошњак или од друга припадност со подеднаков аршин ќе се бори за сите граѓани вклучително и за Албанците кои ќе бараат помош од Омбдусманот.

Како што предупредуваат и самите лидери – институциите не смеат да бидат жртви на партијата, туку слуга на граѓаните. Инклузивното решение не е слабост – тоа е сила, која ја деблокира ситуацијата во институцијата и испраќа јасна порака: македонската држава е подготвена за европски вредности, вистинска демократија и еднаквост за сите.

Историјата ретко нуди вакви шанси. Дали политичките лидери ќе покажат храброст и разум – времето ќе покаже.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

Петрушевски: Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни, та се подготвени и да се жртвуваат за него и неговиот криминал?!

„Свесни за сѐ што може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на поранешниот прв вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се подготвени да се жртвуваат за него!“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во денешното обраќање до јавноста.

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц во ЕП вели „нема доволен напредок“, а резолуцијата на ПССЕ го „признава напредокот на земјата“?! (1)

Европскиот парламент, Советот на Европа и неговото Парламентарно собрание, нивните известувачи за Македонија, со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц во Европскиот парламент и претходните ставови и оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од Резолуцијата од 29 јануари 2026 година за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Европскиот парламент и на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во овие клучни европски институции. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од споменатата резолуција на ПССЕ од 29 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Најнови вести

To top