Македонија

Совет на јавни обвинители: Не сме надлежни за надзор во случајот со Груби

Повисокото јавно обвинителство е тоа што го врши надзорот, велат од Советот на ЈО

По јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков Советот на јавни обвинители да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оттаму се огласија со соопштение.

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот, пренесува МИА..

„Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот“ стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.

Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

На почетокот на неделата поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се сомничи за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“, по 14 месеци бегство беше уапсен на граничниот премин Блаце по што доби мерка 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор по одлука на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top