Македонија

Советот на Европа најави следен чекор за македонскиот закон за соодветна и правична застапеност

За кратко време ќе се знае дали Македонија затвора едно голема отворено внатрешно прашање

Најстарата европска организација Советот на Европа најави следен чекор за македонскиот закон за соодветна и правична застапеност.

Советот на Европа објавува дека во врска со барањето за мислење од Венецијанската комисија за законот поднесено од македонската влада одговорот ќе дојде во Октомври за време на сесија на ова тело на Советот на Европа.

,,Со писмо од 11 јули 2025 година, г-дин Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија, побара итно мислење од Венецијанската комисија на Советот на Европа за нацрт-законот за соодветна и правична застапеност на Република Македонија. Мислењето ќе биде доставено за одобрување на 144-та пленарна седница на Венецијанската комисија”, објави Советот на Европа.

 

Презентирајќи го законот премиерот Мицкоски изјави дека предлог-законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Тој рече дека со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, како на државно така и на локално ниво. Тогаш појасни Мицкоски, предлог-законот ќе биде доставен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура.

Законот, рече Мицкоски, е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но истовремено во таков процес тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници.
За првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, овој предлог-закон претставува историски момент.

„Овој предлог-закон претставува историски момент бидејќи за прв пат правичната и соодветна застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасна цел односно законско решение. Предлог-законот гарантира еднаква пристапност во вработување и унапредување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но и обезбедување вработувањето и унапредувањето да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец“, рече Меџити.

 

Седницата на Венецијанската Комисија за македонскиот закон ќе се одржи во Венеција на 9-10 октомври 2025 година.

 

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, составено од независни експерти од областа на уставното право.

 

Била создадена во 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид, во време на итна потреба за уставна помош во Средна и Источна Европа.

 

Официјалното име на комисијата е Европска комисија за демократија преку право, но бидејќи состаноците се одржуваат во Венеција, Италија, вообичаено се нарекува Венецијанска комисија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top