Македонија

Советот на јавните обвинители денеска треба да определи вршител на должноста државен јавен обвинител, по оставката на Коцевски

Седницата на Советот е закажана за 11 часот. Донесувањето одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Македонија е главна точка на дневниот ред.

Советот на јавните обвинители на Република Македонија за денеска закажа седница, на која треба да определи вршител на функцијата државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцевски пред два дена  поднесе неотповиклива оставка. Тој што ќе биде определен, функцијата ќе ја врши до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци

Според најавата на седницата, согласно со Законот за Јавното обвинителство, вршителот на функцијата треба биде определен од редот на јавните обвинителите во Јавното обвинителство на Република Македонија. Тој што ќе биде определен, функцијата ќе ја врши до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци. Ако на јавниот обвинител на јавното обвинителство му е истечен мандатот, му престанала функцијата или е разрешен, Советот на јавни обвинители на Република Македонија со одлука донесена од мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, определува јавен обвинител од редот на јавните обвинители во тоа јавно обвинителство, кој ќе ја врши должноста до изборот на јавен обвинител во тоа јавно обвинителство, а ги исполнува условите за јавен обвинител на тоа обвинителство, но не подолго од шест месеци, се вели во Законот за Јавното обвинителство.

Ова Јавно обвинителство, највисоко во хиерархијата, брои 10 члена – Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Инаку, Собранието сè уште не ја почнало постапката за избор на нов државен јавен обвинител, а во која првиот чекор е објавување оглас на кој ќе можат да се пријавата заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да раководат со единствениот орган во државата кој е надлежен за гонење на сторители на кривични дела.

Доскорешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, во вторникот на прес-конференција соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Коцевски за одлуката информираше во очи собраниската седница на која требаше да се разгледува предлогот на Владата за негово разрешување од функцијата. До расправа во Собранието воопшто не дојде, бидејќи, како што информира претседателот на закондавниот дом на почетокот на седницата, разгледувањето на оваа точка станува беспредметно, имајќи ја предвид поднесената оставка на Коцевски. Во таа насока тој само ја констатираше оставката на Коцевски.

„360 степени“

 

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

To top