Македонија

Совладан големиот пожар кај Штип

По повеќе од десетчасовна интервенија, пожарникари и доброволци ја изгаснаа огнената стихија кај Штип

Во гаснењето биле ангажирани неколку противпожарни камиони и четири специјални теренски возила, бидејќи пожарот зафатил тешко пристапен терен со трева и грмушки, во чија близина има борови појаси, лозови и овошни насади.

Во интервенцијата учествувале 20 пожарникари од ТППЕ Штип со четири возила, 10 членови на Доброволното противпожарно друштво Штип со четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шест пожарникари и екипа од Свети Николе.

Дополнително, во гаснењето помогнале и 12 доброволни пожарникари со сопствени теренски возила.

Огнената стихија во текот на вечерта се гледаше од речиси целиот град, над кој се извиваа густи облаци од чад.

Голем пожар по удар на гром над Штип

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top