Македонија

Спасен Сиљановски најавува ,,зла доба” за Митко Јанчев: Ако е бал, нека биде маскенбал

Ќе паѓаат маските, мистериозно најавува пејачот во судирот со градоначалникот на Кавадарци

Пејачот на мега популарната песна ,,Ќе ти дојдам вечер во зла доба” Спасен Сиљановски рано утрово разбрал дека добил одговор на своите обвинувања од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Силјановски најавува дека подготвува видео одговор и вели дека кавадаречкиот градоначалник ќе добие видео одговор на сите негови прашања.

Пејачот со доза на мистерија вели дека маските ќе паднат и дека ,,Ако е бал нека биде маскенбал”.

,,Само што се прибрав дома после прекрасниот концерт на караванот “Македонијо во срце те носиме” кој што се одржа во Охрид, тамам да си легнам на Фејсбук ми се појави оваа објава од градоначалникот Јанчев, која е дадена како реплика на мојот Фејсбук статус објавен завчера во врска со Кавадаречкиот Гроздобер…

Мојот одговор очекувајте го утре во попладневните часови. Поради многубројните прашања поставени од Јанчев мојот одговор најверојатно ке биде во форма на видео запис, или вклучување во живо…Ако биде бал нека биде маскембал…Но овој пат ке ги откриеме маските”, пишува Сиљановски.

Предходно Јанчев го обвини Силјановски за популизам и побара да донесе 10 илјади публика во Кавадарци

Статијата со одговорот и обвинувањата од Јанчев на овој ЛИНК

Најнова вест на темата

Дел од работите не се пријатни за слушање од страна на Јанчев, односно се кажани без заобиколување во стилот на Сиљановски

(ВИДЕО) Спасен му одговори на Митко во кавгата за ,,Македонцките работи”

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top