Македонија

Спасена млада мечка која била фатена од нелегално поставена замка

Мечката била успиена и прегледана од ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, по што сајлата била отстранета и животното било пуштено во шумата

Кафеава мечка стара околу три години беше спасена откако била фатена во нелегално поставена метална сајла во месноста Чеплес, на околу 1,5 километар од Рибник Нежилово, во Велешко. По координирана акција на надлежните институции, животното било ослободено од примката и вратено во природата.

Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, било информирано за случајот по што тој бил пријавен преку Македонското еколошко друштво до Државниот инспекторат за животна средина.

Биле известени и Министерството за животна средина и просторно планирање, а на терен се упатиле двајца државни инспектори во координација со СВР Велес и ловечкото друштво.

Акцијата се одвивала во доцните попладневни часови. Мечката била успиена и прегледана од ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, по што сајлата била отстранета и животното било пуштено во шумата.

Станува збор за машка мечка тешка околу 70 килограми. Според информациите од Државниот инспекторат за животна средина, при прегледот не биле забележани видливи повреди предизвикани од примката.

За случајот бил известен и јавен обвинител од Велес. Полицијата ја презела сајлата за понатамошно вештачење, по што се очекува да следуваат постапки за утврдување на одговорноста за нелегално поставената примка.

 

Најнови вести од: Македонија

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

To top