Македонија

Спасовски ги отфрла наводите за кривичната пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!

Попладнево Министерството за внатрешни работи информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Попладнево Министерството за внатрешни работи информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На ваквата објава, Спасовски реагираше остро, оценувајќи дека постапката е политички мотивирана.

Оливер Спасовски се соочува со повеќегодишна затворска казна

„Во целост ги отфрлам наводите во т.н. пријава. Не ме изненадуваат методите – ништо ново, МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од реалните скандали на власта,“ изјави Спасовски.

Тој додаде дека, според него, денешниот потег има за цел да го пренасочи вниманието од актуелните горливи теми.

„ВМРО-ДПМНЕ бега и сака да го оттргне вниманието од трагедијата во Кочани, мигрантите, криминалите и лошата економска состојба. Ова е класичен обид за политички прогон,“ нагласи поранешниот министер.

Спасовски истакна и дека е нејасно дали на власта повеќе ѝ пречат резултатите што ги постигнал како министер, или неговата актуелна улога и настапи како опозициски политичар.

Случајот е во тек, а МВР најавува дека ќе следуваат дополнителни постапки во рамките на истрагата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top