Македонија

Спречен шверц на 12,5 тони зеленчук и овошје

Непријавената стока, која осомничениот се обидел да ја шверцува, е запленета, додека против него е поднесена кривична пријава од страна на Одделот за истраги за кривично дело „шверц“

На граничниот премин Богородица, македонските царински службеници запленија 12,5 тони непријавено овошје и зеленчук, во вредност од 1,4 милиони денари, вклучувајќи авокадо, чили пиперки, брокула, јагоди, киви и печурки.

Против лицето кое се обидело да го стори шверцот е поднесена кривична пријава за „шверц“.

„Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зеленчук, со вкупна вредност од 1,4 милиони денари. При преглед на стока во транзит, откриени се 750 кг непријавена стока, вклучувајќи над 3 тони авокадо, 2,5 тони чили пиперки, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки, кои не биле пријавени во царинската документација.

Непријавената стока, која осомничениот се обидел да ја шверцува, е запленета, додека против него е поднесена кривична пријава од страна на Одделот за истраги за кривично дело „шверц“, соопшти Царинската управа.

Најнови вести од: Македонија

To top