Македонија

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците, на средбата била истакната важноста на тесната соработка со младите. Посебно внимание било посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговарало и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.

Значаен дел од разговорот бил посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила.

-Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки – се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top