Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА

Претседателката на средба со организацијата која што во Македонија спровела 1300 проекти

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство.

Претседателката се заблагодарила за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство и инфраструктура.

За неа, особено важна е помошта во здравствениот сектор, особено инвестицијата во современа медицинска опрема за Клиниката за радиотерапија и онкологија, што придонесува за унапредување на јавното здравје, како и минатогодишната донација за Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Сиљановска-Давкова ја истакнала важната улога на турската заедница во македонското општество, чии идентитетски права се не само уставно загарантирани, туку во голем степен и реализирани. Обајцата се согласија дека постои спремност за надминување на проблемите врзани за образованието на мајчин јазик на Турците. Според Претседателката, тие не се резултат на системска политика, туку на слабости на локално ниво.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и проширување на македонско-турската соработка преку нови конкретни проекти со ТИКА, се вели во соопштенито.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top