Македонија

Среќата ја одбра Битола — нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија!

Државна лотарија на Македонија

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“.

„Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост.

Сè започнало како обичен ден — еднодневна екскурзија до Штип, со пријателка. Прво посетиле манастир во околината, потоа уживале во традиционална штипска пастрмајлија, а кратката прошетка низ градот ги донела до продажното место „Студио 25 Продукција – 5“ во срцето на Штип. Токму таму, К.Т. купила неколку инстант лозови, меѓу кои и добитниот „Титаниум“.

„Случајно застанавме пред продажното место на Државна лотарија и решив да си купам инстант лозови, бидејќи игрите на среќа се дел од моето секојдневие, како и во моето семејство. Кога го изгребав лозот и станав свесна за добивката — нов автомобил — почувствував, радост и возбуда што тешко можам да ги опишам,“ раскажува К.Т.

Оваа добивка не е прва во нејзиното семејство. Пред извесно време, нејзиниот син освоил парична добивка од 10.000 денари, исто така, од инстант лоз. Семејството редовно ги уплатува своите среќни броеви на ЛОТО 7 преку loto.mk, а секое коло носи нова возбуда и надеж.

„Играм со години, од љубов кон играта. Тоа е ритуал, момент на возбуда, надеж и забава. А сега, кога среќата навистина ми се насмевна, чувството е неверојатно, додава таа.

К.Т. е доказ дека среќата не прашува каде си — таа доаѓа кога најмалку очекуваш. Од Битола до Штип, од прошетка до добивка, нејзината приказна е инспирација за сите штоверуваат во среќата.

Нејзината порака до сите играчи на игри на среќа: „Среќата е насекаде околу нас, треба само да ја пронајдеме.

Државна лотарија продолжува да ги радува своите играчи со добивки што носат насмевки, возбуда и нови почетоци. Инстант лозот „Титаниум“ е само еден од многуте начини преку кои среќата може да ви затропа на врата.

Среќата е насекаде

Државна лотарија

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

To top