Македонија

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода,но не била прифатена

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи мерка притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби при јавни набавки и коруптивни дејствија.

Адвокатката на Богоев по рочиштето изјави дека станува збор за предмет од финансиска природа и дека присуството на осомничените можело да се обезбеди со поблаги мерки.

„Неочекувано, искрено, таква одлука. Особено што станува збор за предмет којшто е од финансиска природа, не е насилен криминал. Понудивме гаранција, но судот одлучи поинаку“, рече таа.

Таа најави дека одбраната ќе ја искористи законската можност и ќе поднесе жалба на решението за притвор во рок од 24 часа.

Адвокатката додаде дека на вчерашното рочиште одбраната не добила увид во доказите на кои се повикува Обвинителството.

„На одбраната не ѝ беа презентирани никакви докази. Само ни беше соопштено дека докази постојат“, изјави бранителката.

Обвинителката Искра Хаџи Василева претходно соопшти дека притворот е побаран поради опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата, која се наоѓа во рана фаза. Судот го прифати предлогот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top