Македонија

Сто евра казна за локал во кои дошле три пати повеќе гости од дозволеното

Во локалот регистриран за 200 лица имало околу 700 гости на настапот на Аца Лукас

Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше српскиот пејач Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100 евра, како микро трговец, поради присуство на трипати повеќе гости од дозволениот капацитет, објави СДК.мк.

Иста казна од 100 евра му е изречена и на одговорното лице, откако инспекциската контрола на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдила значително надминување на дозволениот број посетители.

Од ДПИ потврдија дека прекршочните платни налози се издадени согласно Законот за угостителска дејност и дека се платени во законскиот рок.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, тогаш изјави дека во локал регистриран за 200 лица имало околу 700 гости, нагласувајќи дека безбедноста е на прво место и дека нема да се дозволи повторување на трагични сценарија.

Дополнително, од ДПИ информираа дека за истиот објект е изречена и платена казна согласно Законот за заштита од пушење, додека Аца Лукас бил казнет со 50 евра поради работа без соодветна дозвола.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top