Македонија

Стоилковиќ упати искрени честитки до граѓаните на Србија за денот на државноста

Убеден сум дека односите меѓу нашите две земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост

Денот на државноста на Република Србија, потпретседателот во Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, упати искрени честитки до граѓаните на Р Србија, со желби за натамошен континуиран стопански и општествен развој, стабилност и просперитет на државата.

„Убеден сум дека односите меѓу нашите две земји се темелат на традиција на искрено пријателство, културна и духовна блискост, кои низ годините се продлабочуваат и отвораат простор за уште поголема, заемно корисна соработка во сите сфери од заеднички интерес.

Ние Србите во Македонија со посебна почит го чествуваме овој значаен празник, уверени дека и во наредниот период ќе продолжиме со дополнително јакнење на односите и братската соработка меѓу двете земји. Останувам посветен на активно учество во политиките што придонесуваат за понатамошен развој и унапредување на македонско-српските односи, во духот на меѓусебно разбирање, почит и партнерство.

Во време на предизвици и нови глобални околности, убеден сум дека само преку заемна поддршка, стабилност и искрено пријателство можеме да градиме сигурна и просперитетна иднина за нашите граѓани и генерациите што доаѓаат. Нека е честит Денот на државноста”, истакна потпретседателот и министер Стоилковиќ.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top