Македонија

Стојков: Политиката против Македонците во Бугарија е последната тоталитарна комунистичка политика во ЕУ и мора да престане

Копретседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН се обрати на Форумот за малцински права на Обединетите нации

Македонскиот национален деец од Бугарија, академик Стојко Стојков, се обрати на 18. сесија на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации, на која учествуваше и претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија, Васил Стерјовски.

„Јас сум Стојко Стојков, Македонец од Македонското малцинство во Бугарија кое денес се бори за основно признавање на своето постоење.
Откако официјално бевме признати како малцинство во Бугарија и уживавме некои права, подоцна бевме прогласени за непостоечки, прогонувани како предавници и асимилирани под комунистичкиот режим. Денес во демократска Бугарија нашето постоење останува негирано – политика утврдена со две парламентарни декларации и една одлука на Уставниот суд.
Ова резултираше со стотици судски одлуки кои го толкуваат секое тврдење дека Македонското малцинство постои како закана за нацијата, државата и безбедноста. Поради тоа, не постои регистрирана партија или организација на Македонското малцинство, без оглед на 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права против Бугарија.
Самото наше постоење го крши официјалниот наратив и се дочекува во медиумите и општеството со говор на омраза, прикажувајќи ги Македонците како национални предавници, странски агенти и непријатели, морални дегенерици и ретардирани. Таквиот говор е нормализиран и никогаш не се казнува.
Сето ова го исклучува малцинството од општествениот и политичкиот живот – тоа не може да се претставува себеси, ниту некоја друга партија се осмелува да се залага за правата на Македонците.
Македонците денес немаат никакви малцински права во Бугарија, а државата отфрла секаков обид за дијалог со нив, и покрај сите препораки на институциите за човекови права.
Бидејќи Европската Унија ги остави малцинските права на милост и немилост на националните држави, тоа де факто се претвори во европски благослов за оваа политика на негирање, асимилација и дискриминација кон едно малцинство во рамките на Европската Унија.
Оваа политика создаде конфликт со Македонија и ја блокира нејзината евроинтеграција, загрозувајќи ја регионалната безбедност.
Придонесува за создавање индустрија за корупција од милијарда евра со трговија со бугарски државјанства.
Оваа политика против Македонците денес е последната тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија и мора да престане“, рече во својот говор копретседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН и професор по историја на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top