Македонија

Стразбур го прашува Скопје за „бомбите на Заев“ и пресудата за Сеад Кочан

Никогаш не било спроведено експертско вештачење на нелегално прислушуваните разговори, врз основа на кои бизнисменот Сеад Кочан бил осуден во процесот „Труст“ на казна затвор од 4 години и 8 месеци

Во апликацијата до Судот во Стразбур, бизнисменот Сеад Кочан тврди дека прислушуваните материјали биле под ексклузивна контрола на Обвинителството.

Слично како и за случајот „Тенк“ и за Гордана Јанкуловска, Стразбур повторно ја прашува владата во Скопје дали во вакви околности може да се смета дека судењето било фер и во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур официјално се обрати до македонската влада во врска со апликацијата на бизнисменот Сеад Кочан, отворајќи суштински правни прашања за користењето на прислушувани разговори како докази во кривична постапка која заврши со правосилна пресуда со клоја тој беше осуден на казна затвор во траење од 4 години и 8 месеци.

Со комуникацијата од 2 февруари 2026 година, објавена денеска, 23 февруари, Судот го става под лупа суштинското прашање дали судењето во предметот „Труст“ било фер, со фокус на тоа дали пресудата била заснована на докази добиени преку незаконско прислушување, дознава Плусинфо.

Стразбур нагласува дека предметот се однесува на кривичната постапка против апликантот Сеад Кочан, во која тој бил осуден за злоупотреба на постапката за јавна набавка, при што обвинението, меѓу другото, се потпирало и на аудио-снимки од пресретнати разговори. Овие аудио-материјали биле користени како доказ во постапката и биле дел од доказниот корпус врз кој судовите ја темелеле пресудата.

Клучниот момент е што Судот во Стразбур директно поставува прашање дали апликантот имал правично судење во смисла на член 6 од Европската конвенција за човекови права, особено имајќи ги предвид околностите во кои биле прибавени и користени аудио-снимките од наводно незаконски пресретнатите комуникации. Со ова формулирање, Судот јасно сигнализира дека не го игнорира спорното потекло на доказите, туку го става во центарот на анализата на прашањето дали постапката била фер.

Дополнително, Стразбур бара од Владата да се изјасни и дали биле почитувани принципите на контрадикторност и еднаквост на оружјата, односно дали одбраната имала реална можност да се запознае со доказите и да ја оспори нивната автентичност.

Судот експлицитно ја проблематизира ситуацијата во која одбраната не ги добила аудио-снимките на носач на податоци, туку само нивни транскрипти, што отвора сериозни дилеми за можноста за ефективна експертска анализа на доказите, пишува Плусинфо.

Според описот на предметот, обвинението поднесено од Специјалното јавно обвинителство се потпирало, меѓу другото, на аудио-снимки од пресретнати разговори поврзани со спорната јавна набавка, а судовите ги прифатиле како законито прибавени докази. Врховниот суд, пак, во конечната одлука оценил дека снимките биле законито користени и дека одбраната имала можност да ја оспори нивната употреба во постапката.

Од друга страна, во апликацијата до Стразбур, апликантот тврди дека неговото судење не било правично токму затоа што клучната доказна основа се темелела на незаконски прислушувани разговори. Тој посочува дека овие разговори биле прибавени без судска наредба и надвор од редовна законска процедура, што, според него, директно го нарушува принципот на владеење на правото и правната сигурност.

(:::)

Плусинфо пишува дека „конечната одлука на Европскиот суд во врска со апликацијата на Сеад Кочан ќе има потенцијално значајни импликации не само за конкретниот предмет „Труст“, туку и за целокупната судска пракса во Македонија во однос на користењето на прислушувани разговори како докази, особено во случаи каде нивното потекло, втентичност и процесна употреба се предмет на сериозни правни спорови.

Ова може да има значајни имликации и врз предметот „Титаник“, во кој ститици нелегални снимки смс-пораки се користени како докази, на истиот начин.

Во случајот „Труст“, пак, евентуалната пресуда на Судот за човекови права во полза на Сеад Кочан ќе има страшни финансиски последици. Имотот нма компанијата „Трансмет“ е конфискуван и во најголем дел раскрчмен. Ако се утврди повреда на правото на правично судење според член 6 од Европската конвенција, тоа ќе значи и повторување на целата судска постапка.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

To top