Македонија

Струјата поскапува од 1 јануари, но не многу – сметките ќе пораснат за околу 60 денари

Сметките за струја од 1 јануари идната година ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за оние кои влегуваат во најскапиот, четврти блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски појасни дека оваа одлука е конечна и донесена и покрај барањето на ЕВН хоум за значително поголемо зголемување на цената на струјата

Струјата поскапува за 2,28% од 1 јануари. Сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно, но само за домаќинствата што трошат во првиот блок, односно за 85% од граѓаните. За оние кои трошат најмногу, во четвртиот блок, сметките ќе пораснат до 900 денари. Наспроти ваквата одлука, според претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, барањето на ЕВН хоум било цените на струјата да се зголемат за 7,66 отсто во првиот блок, за 8,54 отсто во вториот, за 9,63 отсто во третиот и за дури 11,86 отсто во четвртиот блок.

Тој појасни дека едно домаќинство кое има потрошувачка од 210 киловат часови во прв блок и 277 киловат часови во евтина тарифа месечните сметки за струја ќе бидат повисоки за 57 денари, за домаќинствата кои имаат потрошувачка од 210 киловат часови во прв, 420 киловат часови во втор блок и 682 киловат часови во евтина тарифа струјата ќе се зголеми за 70 денари. За оние кои влегуваат и во трет блок, а такви се само 1,73 отсто од домаќинствата, односно 14.000 домаќинства месечните сметки ќе бидат повисоки за 2,79 отсто, односно за 370 денари, а за оние од четвртиот блок, односно за 0,55 отсто или само за 4.400 домаќинства сметките за струја ќе бидат повисоки за 900 денари.

  • Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, изјави Бислимоски.

Во однос на месечниот надоместок од 200 денари што се пресметува на сметките на струја, Регулаторот останува на ставот дека тој е неопходен, бидејќи ако се укине, тоа ќе се одрази на зголемувањето на цената на струјата за блоковите. За да се избегне ценовен шок за граѓаните, Владата останува со субвенционирање на цената на струајта за домаќинставата. Од 62 евра колку што чинеше досега, ЕСМ на универзалниот снабдувач отсега ќе му ја продава струјата по 65 евра за мегават час. Претседателот на РКЕ, рече дека со оглед на состојбите на пазарите поради геополитичките случувања, цената на струјата е стабилна.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

To top