Македонија

Студентите бараат зголемување на студентскиот оброк за 10 денари

Од Националното студентско тело истакнуваат дека ова усогласување не е дополнителна привилегија, туку неопходен чекор за поддршка на студентите во услови на зголемени животни трошоци.

Националното студентско тело бара зголемување на износот за субвенциониран студентски оброк од 140 на 150 денари почнувајќи од 2026 година. Барањето, како што велат од НСТ, се темели на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој предвидува усогласување на сумата со стапката на инфлација по секоја фискална година, а пред усвојувањето на републичкиот буџет. Последната промена на износот била во 2023 година, кога сумата е зголемена од 120 на 140 денари.

НСТ го образложува своето барање со инфлациската стапка за 2024 и 2025 година, која според податоците на Народната банка, Државниот завод за статистика и проекциите на ММФ изнесува 3,5 отсто за 2024 година и околу 3,4 проценти за годинава.

Според пресметките на НСТ, за да се зачува реалната вредност на оброкот, сумата треба да се зголеми за речиси 10 денари, со што би достигнала 150 денари. За ова зголемување се потребни дополнителни 70 200 000 денари или околу 1 141 463 евра годишно. Оваа сума е пресметана врз основа на просечен број од 30 000 студенти корисници на мерката во текот на девет месеци.

Од Националното студентско тело истакнуваат дека ова усогласување не е дополнителна привилегија, туку неопходен чекор за поддршка на студентите во услови на зголемени животни трошоци. Со тоа, велат оттаму, државата би покажала грижа и би инвестирала во младите, кои се сметаат за носители на идниот развој на државата.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе се залага за барањето за покачување на субвенционираниот студентски оброк, но истакна дека не може да гарантира дека ќе се случи тоа. Министерката нагласи дека студентите сега имаат партнер во Министерството и дека сите нивни досегашни барања биле исполнети.

  • „Ова прашање стигна до мене. Мислам дека во иднина би можеле да се договориме, но во овој момент не можам да гарантирам затоа што буџетот на Министерството за образование зависи од буџетот на државата. Секако дека ќе се залагам доколку е можно и оваа година да биде остварено“, рече министерката Јаневска. 

Таа додаде дека искрено верува дека студентите треба да имаат подобри услови за учење бидејќи, според неа, тие се идните носители на развојот на државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

Учениците се враќаат на настава на 20 јануари – надлежните со апел да нема отсуства

Министерката министерката за образование и наука апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел. – извести денес угледниот „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

Мицкоски: „Безбеден град“ почнува од 1 февруари – Во рамки на редовни средби со лидери на партии ќе се сретнам и со Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека вчера во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба во средата, туку само изјави дека одржува средби со лидерите на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети.

To top